ПОКАНА

Локална самоуправа – Чашка во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ почнува со реализација на Форуми во заедницата и Ве поканува да бидете дел од нив.
Во покануваме да присуствувате на форумот на заедница каде, Вие со вашите идеи и потребите одлучувате како ќе ја изградите вашата иднина.

Цели на форумскиот процес се:
• Вклучување на граѓаните во процесот на одлучување
• Создавање и јакнење на капацитети на сите вклучени страни
• Подобрување на соработката, вмрежување и …

создавање на партнерства на локално ниво
• Подобрување на животот на луѓето во заедницата

Начинот на работа на форумот е преку организирање на 5 форумски сесии на кои присутните граѓани ќе ги лоцираат проблемите во локалната средина во делот на социјална инклузија и ќе понудат решенија за истите. Всушност Проектниот форум ќе биде основа на идеи, подготовка и финансирање на конретни проекти. Најмалку 1, а најмногу 3 проекти ќе бидат поддржани, а проектен фонд со кој располага форумот е 50.000 CHF. Главна тема на интервенција на форумот е Социјална инклузија, вклучувајќи и поврзани теми со родова еднаквост, добро владеење и социјална инклузија и меѓуетничка соработка

Одлучи сам за твојата околина/ својата општина.

Првата форумска сесија ќе се одржи на 26.02.2020 година (среда) со почеток во 12.30 часот во сала на ОУ „Тодор Јанев“ населба Чашка.

Со почит,
Градоначалник на Oпштина Чашка
Горан Стојановски