Од 2 мај 2018 година за прв пат во Општина Чашка започна со работа Општинска Јавна Установа Детска Градинка „Димче Мирчев“ Велес со осмиот објект „БАМБИ“ во Населба Чашка.

Вкупно 21 деца денес ја посетуваат „БАМБИ“ кои се на возраст од 2 до 6 години. Децата се стекнуваат со воспитно образовни навики, дружење и учење. Стручните служби од „БАМБИ“ ги мотивираат родителите своите деца да ги запишат во градинката се со цел обезбедување на социјализација на децата од најмала … возраст.

Градинката овозможува згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст. Со функционирањето на градинката на жителите од Чашка директно им се подобрува квалитетот на живот.

Градинката „БАМБИ“ започна со 27 деца, од кои 6 деца од најголемата возрасна група својот процес на образование го продолжуваат во прво одделение од основното образование.