Општина Чашка е дел од проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ , кој е финансиран од Европската Унија, договор бр IPA /2017/392898.
Целта на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ е зголемување на пазарната конкурентност и соработката меѓу земјоделците во Македонија, преку создавање поволни услови за развој на постојните и создавање на нови …
земјоделски задруги.
Со проектот се планирани низа активности за остварување на следните резултати:
•Ревидирана правна рамка за земјоделски задруги преку соработка на проектниот тим, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и чадор организацијата на земјоделските задруги. Ќе бидат спроведени: длабинска анализа на правната рамка и политиките за земјоделски задруги, формулирање на предлог измени проследени со јавна расправа, формирање на работна група и дебата за можни решенија, поддршка за воспоставување на систем за следење на земјоделски задруги.
•Зајакнати капацитети на чадор организација на земјоделските задруги која ќе добие техничка и финансиска поддршка.
•Зголемена свест меѓу земјоделците, бизнисите и пошироката јавност за придобивките од задругите со спроведување на кампања за подигнување на јавната свест за придобивките од задругите и инфо сесии со локалните заедници.
•Обезбедена техничка и финансиска поддршка за развој на 8 постоечки и за создавање на 12 нови земјоделски задруги за реализација на нивните бизнис планови и советување во процесот на реализација на истите.
Проектот се спроведува од страна на CARE Deutschland –Luxemburg и Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП). За сите дополнителни за проектот и можности за постојните задругит како и можности за нови задруги може да информирате на официјалната веб страна на МРФП односно http://www.mrfp.org.mk/mk/.
Преку проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ спроведуван од CARE и Македонска развојна фондација за претпријатија, финансиран од Европска Унија земјоделските стопанства и производители имаат можности за земјоделски задруги.
Имено здружувањето во земјоделска задруга овозможува:
-Пониски цени на репроматеријали преку заедничка набавка
-Подобри цени за готовите производи преку заеднички пласман на производите
-Поголем обем на стандардизирано производство
-Ваше место на масата за преговори
Проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“ Ве повикува да ги искористите можностите за техничка и финансиска поддршка за земјоделските задруги, за веќе постоечките задруги како и оние кои сакаат да формираат задруга. Општата цел на проектот е да придонесе кон поголема продуктивност и конкурентност на земјоделскиот сектор во земјата. Специфичната цел на проектот е зголемување на пазарната конкурентноста и соработката меѓу земјоделците во земјата, преку создавање поволни услови за развој на посетоеќките и создавање на нови земјдолески задруги. Корисници на проектот се сите граѓани и земјоделци кои се вклучени во земјоделското производтсво. Проектот нема ограничувања во однос на регионите и е отворен за сите заинтересирани цени групи во земјата, без оглед на возраста, полот и етничката припадност.
Принципите на земјоделските задруги се:
- Доброволно членство
- Демократско управување од членството
- Економско учество на членовите
- Самостојност и независност
- Образование, обука и информација
- Меѓусебна соработка
- Грижа за заедницата
На средбата во ООУ „Тодор Јанев“ Населба Чашка со поддршка на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството РЕ Велес и Општина Чашка, се реализираше информативната средба. Имено активно учество земаа земјоделците и земјоделските стопанства од Општина Чашка, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ПЕ Велес, членови на ЗГ „Агроцентар“,како и членови на веќе постоечката земјоделска задруга од Лозово. Присутните имааа можност да се информираат за проектот, како и на лице место да ги слушнат позитивните искуства од Босна и Херцеговина од страна на постојните задруги.
Целта на средбата допринесе кон информирање на земјоделците и земјоделските стопанства за предностите од здружување во земјоделски задруги преку презентација на успешен пример на земјоделски задруги од регионот Босна и Херцеговина, како и можности за финансиска и техничка поддршка со директна презентација на повикот за изразување интерес. Средбата допринесува кон подигање на свеста кај индивидуалните земјоделски групи за признавање на земјоделските задруги како средство за постигнување на дополнителна продуктивност и ефикасност на земјоделскиот сектор.
Сите дополнителни информации може да се добијат на www.zadrugi.mk, www.mrfp.mk, www.care-balkan.org.