Врз основа на член 30 и 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18) и( Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.275/19 и 14/20),и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18)и (Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.14319 и 14/20) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Градоначалникот на Општина Чашка објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2023
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Општина Чашка за следното работно место

УПР0101Г04000 Помлад референт за комунално оперативни работи, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УРБАНИЗАМ, ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ, ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ, (1) извршител(и)

Општи услови
• да е државјанин на Република Македонија,
• активно да го користи македонскиот јазик,
• да е полнолетен,
• да има општа здравствена способност за работното место,
• со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Посебни услови
• ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средnо образование ,Вишо,средно гимназиско образование или средно стручно образование.
• со или без работно искуство во струката

Општи работни компетенции
• учење и развој
• комуникација
• остварување резултати
• работење со други/тимска работа
• ориентираност кон странките/засегнати страни и
• финансиско управување

Посебни работни компетенции
• активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
• активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
• Работни денови понеделник – петок
• Работни часови неделно 40
• Работно време од 07:30 до 15:30

Паричен нето износ на плата: 18.635,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2023 год. се : Албанец(ка) 1.

ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник,

Горан Стојановски, с. р.