Врз основа на член 30 и 35 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.275/19 и 14/20),) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/18), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 27/16 и 35/18 ,198/2018 и Службен весник на Република Северна Македонија број 143/19 и 14/20),) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 34/15), Градоначалникот на Општина Чашка објавува


ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ 02-2021
за вработување на 2 државни службеници од група I, подгрупа I во Општина Чашка за следните работни места

  1. УПР0101Б04000 Раководител на одделение за урбанизам,заштита на животната средина и енергетска ефикасност,одделение за урбанизам,заштита на животната средина и енергетска ефикасност,Сектор за урбанизам,локален економски развој и јавни дејности,(1) извршител(и)-Албанец-ка
    Општи услови
    • – да е државјанин на Република Македонија,
    • – активно да го користи македонскиот јазик,
    • – да е полнолетен,
    • – да има општа здравствена способност за работното место,
    • – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
    Посебни услови
    • – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,-Градежништво и водостопанство или животна средина
    • -најмалку четири години работно искуство во струката,од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор,односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор
    Општи работни компетенции
    • – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
    • – учење и развој
    • – комуникација
    • – остварување резултати
    • – работење со други/тимска работа
    • – стратешка свест
    • – ориентираност кон странките/засегнати страни и
    • Раководење и
    • – финансиско управување
    Посебни работни компетенции
    • – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
    • – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
    • -потврда за положен испит за административно управување
    Распоред на работно време
    • – Работни денови понеделник-петок
    • – Работни часови неделно 40
    • – Работно време од 07:30 до 15:30
    • – Опис за работното време cо почеток на работното време 7:30 часот и завршеток 15:30 часот
    Паричен нето износ на плата: 29.887,00 денари
    НАПОМЕНА: Предвиденото вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 год. е Албанец(ка) 1
  1. УПР0101В03000 Соработник за здравствена,социјална и цивилна заштита,одделение за ЛЕР и јуавни дејности,Сектор за Сектор за урбанизам,локален економски развој и јавни дејности,(1) извршител(и)-Македонец-ка
    Општи услови
    • – да е државјанин на Република Македонија,
    • – активно да го користи македонскиот јазик,
    • – да е полнолетен,
    • – да има општа здравствена способност за работното место,
    • – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
    Посебни услови
    • – ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Образование,Социологија,одбрана
    • – најмалку 1 (една) година работно искуство во струката
    Општи работни компетенции
    • – решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
    • – учење и развој
    • – комуникација
    • – остварување резултати
    • – работење со други/тимска работа
    • – стратешка свест
    • – ориентираност кон странките/засегнати страни и
    • – финансиско управување
    Посебни работни компетенции
    • – активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
    • – активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
• – Работни денови понеделник-петок
• – Работни часови неделно 40
• – Работно време од 07:30 до 15:30
• – Опис за работното време
Паричен нето износ на плата: 23.600,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2021 год. се : Македонец(ка) 1.


Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.
Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.
Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.
Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.
Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник,
Горан Стојановски