Врз основа на член 50 став 1 точка 14 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.Весник на Република Македонија бр.05/04), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор(,,Сл.весник на Република Македонија бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18) и член 22 од Законот за работните односи („Сл.весник на Република Македонија“ бр. 62/2005….. 120/2018), Градоначалникот на Општина Чашка објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2018
за вработување на неопределено работно време, работник на централа – телефонист
Општина Чашка има потреба од вработување на неопределено работно време на…
1 (еден) работник на централа -телефонист
1.а)назив на работно место- работник на централа -телефонист, ниво А3, реден број 22, шифра УПР 0405А03002
б)општи услови:
-кандидатот да е државјанин на Република Македонија,
-да е полнолетен,
-активно да го користи македонскиот јазик;
-да има општа здравствена способност за работно место,
-со правосилна судска пресуда да не му изречена казна забрана на вршење на професија,
-општи работни компетенции на основно ниво:
Учење и развој, комуникација ,остварување резултати ,работење со други/тимска работа и ориентираност кон засегнати страни
(проверка на општите работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју)
-работни задачи и обврски:
-Прима и одговара на повици од страна на физички или правни лица;
-Соодветно ги упатува странките кај службениците кои можат да им помогнат во остварувањето на нивните права;
-Води евиденција за примени и одговорени повици од граѓани;
-Врши телефонски поврзувања за потребите на вработените во општината и
-Се грижи на непречена и лесна комуникаци помеѓу вработени во општината, како и комуникацијата на вработените во општината со други органи на државната управа или локалната самоуправа.
-посебни услови:
стручни квалификации: ниво на квалификации l според Македонската рамка на квалификации – Основно образование, со или без работно искуство
в) распоред на работно време: дневно работно време- од 07.30 часот до 15.30, 40 часовно–неделно работно време;
г) паричен нето износ на плата: 16.500,оо
д) напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2018, вработувањето е предвидено за Македонец (ка).
2.Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат не сметајќи го денот на објавувањето на огласот.
Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса–Општина Чашка, ул.„Илинденска,, бр.8 Населба Чашка – Општина чашка, со назнака „За оглас бр.1/2018 за прием на работник на централа – телефонист
Пријавата за вработување може да се превземе од веб страната на Општина Чашка: www.caska.gov.mk
-Пријавата за вработување треба да содржи :
-податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број , датум и место на раѓање , адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедница)
-кратко мотивационо писмно,
-изјава за исполнување на општите услови за работно место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно,
3.Доставување на документација
-Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следната документација:
-биографија -CV
-Уверение за државјанство на РМ(оригинал или заврено на нотар);
-Диплома за завршено образование(оригинал или заверена на нотар);
-Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работното место за кое се пријавува-пожарникар спасител(оригинал),
-Уверение правосилна судска пресуда да не му изречена казна забрана на вршење на професија,
4.Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите,проверка на веродостојност на доказите и интервју;
Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот за пријавување на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.
Доколку при проверката се утврди дека недостасува некој од доказите , комисијата е должна да побара од кандидатот во рок од три дена да ги комплетира доказите.
По комплетирањето на доказите, комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите.
По проверката на веродостојност на доказите, се закажува и врши интервју.
Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми, пропишани од Градоначалникот на единицата на локалната самоуправа.
По спроведената постапка на селекција, за работното место од јавниот оглас се прави ранг–листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција.
Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на Градоначалникот, кој врши избор во рок од 15 дена.
Образец- Пријава можете да превземете овде.