Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа, член 17, 17-а, 17-б, 17-в и 17-г од Законот за јавните претпријатија („Службен Весник на Република Македонија„ бр.З8/96, 6/02, 40/03, 49/06, 22/07, 83/09, 97/10, 6/12, 119/13, 41/14, 138/14, 25/15, 61/15, 39/16, 64/18, 35/19 и „Службен Весник на Република Северна Македонија„ бр. 75/19,89/22 и 274/22) како и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен Весник на Република Северна Македонија бр.28З од 27.12.2022 година), Советот на Општина Чашка објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

за пријавување на заинтересирани лица за избор на член на
Управниот одбор на Заедничко јавно претпријатие
Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на 1 (еден) член на Управниот Одбор на Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци од областа на ветеринарна медицина или фармација, со мандат од 4 (четири) години.
Постапката се спроведува согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен Весник на Република Северна Македонија“ бр. 283).
Заедничкото јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци со седиште на ул.„Смаилица“ бр.71 во Кавадарци е правно лице кое врши дејност од јавен интерес од областа на хуман третман, заштита и благосостојба на животните на територијата на гореспоменатите општини со основна дејност согласно НКД 01.49 – Одгледување на други животни, со веб страна https://shepa.mk/.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите заинтересирани физички лица кои ги исполнуваат условите предвидени во Јавниот повик.
Јавниот повик со сите услови се објавува на веб страната на Општина Чашка www.caska.gov.mk и на страната на Заедничкото јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци https://shepa.mk/.

УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИСПОЛНАТ СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

За член на Управен одбор на јавното претпријатие може да биде лице кое ги исполнува следниве услови:

Освен условите наведени во член 17 став 4 од Законот за јавни претпријатија, членот на управниот одбор треба да има и соодветно работно искуство и тоа:

Времетраењето на мандатот на членовите изнесува четири години, со право на уште еден последователен мандат.

РАБОТНИ ЗАДАЧИ, ОДГОВОРНОСТИ, ПРАВА И ОБВРСКИ НА УПРАВНИОТ ОДБOР

Согласно член 19 од Законот за јавните претпријатија, Управниот Одбор ги има следните работни задачи, одговорности, права и обврска и тоа:

  1. Го донесува статутот на јавното претпријатие;
  2. Ги усвојува програмата за работа и развој на јавното претпријатие;
  3. Ја утврдува деловната политика;
  4. Ги усвојува тримесечниот извештај кој содржи показатели за финансиското работење, годишната сметка и извештајот за работењето на јавното претпријатие;
  5. Одлучува за употребата на средствата остварени со работењето на јавното претпријатие и покривање на загубите,
  6. Ги донесува одлуките за инвестиции;
  7. Ги утврдува цените на производите и услугите,
  8. Одлучува за внатрешната организација на јавното претпријатие;
  9. Го донесува актот за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените и
  10. Врши други работи утврдени со актот за основанье и статутот на јавното претпријатие.

НАДОМЕСТОК

Претседателот и членовите на управниот одбор имаат право на месечен надоместок за својата работа, врз основа на присуство на седници на управниот одбор на јавното претпријатие.
Вкупниот месечен надоместок на претседателот и членовите на УО поединечно не смее да го надмине износот од една половина од просечната нето-плата на вработените во ЈП исплатена во претходната година. Висината на месечниот надоместок за претседателот и членовите на УО ја утврдува основачот на јавното претпријатие.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Задолжителни документи кои треба да бидат доставени како доказ за исполнување на условите за член на УО на Заедничкото јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци се:

  1. Државјанство на Република Северна Македонија,
  2. Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати 240 ЕКТС или завршен VIl/1 степен образование,
  3. Потврда дека со правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  4. Историјат за вработување од Агенција за вработување на Република Северена Македонија со евидентиран стаж,
  5. Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна материјална, морална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација,
  6. Кратка биографија,
  7. Писмо за интерес/мотивација,
  8. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон.

ПОСТАПКА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ЧЛЕНОВИТЕ

Постапката за селекција на членовите на управниот одбор на Заедничкото јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци се состои од две фази и тоа:
-административна селекција (се состои од проверка на внесените податоци во пријавата со условите утврдени во Јавниот повик) и бодување и
-интервју

РОК И НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Јавниот повик се објавува на ден 07.10.2024 и трае 10 (десет) работни дена, односно до 18.10.2024 година.
Пријавените кандидати соодветната документација во хартиена форма во оргинал или копија заверена на нотар заедно со пополнета Пријава на образец за пријавување (која е прилог кон повикот) да ја достават до:
Општина Чашка, ул„Илинденска” бр.8, 1400 Велес или во архива на Општина Чашка (со назнака: За Јавен повик за именување на член на Управен Одбор на Заедничко јавно претпријатие Регионален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство СТАЦИОНАР – ШЕПА Кавадарци)
Краен рок за поднесување на пријавите е 18.10.2024 година.
Незадоволните кандидати од постапката за селекција за членови во управниот одбор на јавното претпријатие имаат право да поведат управен спор до надлежен суд согласно со Законот за управни спорови.

Напомена: Пријавите без комплетно приложена документација или кои се доставени по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат.

ОПШТИНА ЧАШКА
Претседател на Совет
Трајче Мишкоски, с.р.