Врз основа на член 4 од Правилникот за условите, критериумите и начинот и постапката за доделување на материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани кои вршат јавен интерес на територијата на општина Чашка („Службен гласник на општина Чашка“ бр.6/22), а согласно предвидените средства во Буџетот на општина Чашка за 2023 година, Градоначалникот на општина Чашка на ден 30.03.2023 година, објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за доделување на материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани кои вршат јавен интерес на територијата на општина Чашка
Предмет на Јавниот повик
Градоначалникот на општина Чашка го распишува овој јавен повик за распределување на финансиски средства од Програмата за активностите на општина Чашка во областа на спортот и здуженија на граѓани за 2023 година, за материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани кои вршат јавен интерес на територијата на општина Чашка, со цел да се унапреди соработката и да се придонесе кон општрестевн развој на општината.
Приоритети
- Развој и поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани;
- Психофизички развој;
- Социјална инклузија;
- Економски развој;
- Афирмација и промоција на општина Чашка;
Право на учество
Субјектите, кои учествуваат на јавниот повик кон пријавата треба да достават:
-Доказ за регистрирана дејност;
-Тековна состојба на субјектот, издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија (не постара од 6 месеци);
-Решение за вршење дејност спорт, издадено од Агенција за млади и спорт (за професионални клубови);
-Годишна програма за работа и функционирање на спортскот клуб, спортското здружение или здружението на граѓани;
-План за реализација на проект кој е од посебен интерес за општината;
-Листа на реализирани проекти, самостојно или во соработка со општината (доколку здружението постои повеќе од една година);
-Финансиски извештај за реализација на добиените средства за претходната година (доколку спорскиот клуб/здружението примило средства преку јавен повик);
Начин на пријавување на Јавниот повик
Потребната документација за учество на повикот се доставува по пошта или во архивата на општина Чашка, на адреса „Илинденска“ бр.8, населба Чашка, со назнака „ЗА ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛНА ПОДДРШКА НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ, СПОРТСКИ ЗДРУЖЕНИЈА И ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ“ и бројот на повикот.
Пликот не смее да содржи никаква ознака која би можела да го идентификува апликантот.
Пријавата се доставува во еден оригинален примерок кој треба да биде потпишан од одговорното лице на кандидатот.
Рок на траење на повикот
Рокот за пријавување изнесува 7 работни денови, односно крајниот рок за поднесување на пријавите е заклучно со 10.04.2023 година.
Пoстапката за доделување на материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани кои вршат јавен интерес на територијата на општина Чашка, ја спроведува Комисија формирана од Советот на општина Чашка.
ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник
Горан Стојановски, с.р.