На 21 август (вторник) 2018 година Општина Чашка го прославува денот на Oпштината.

По 22-ри пат од основањето на Општината во 1996 година, свечено ќе биде одбележан денот денот на Општината со следната Програма:

-09:00 часот, Турнир во шах, Клуб за стари лица, Населба Чашка,

-11:30 часот, Презентација на Проект ,,Возило за собирање на комунален отпад,, и Проект ,,За чиста Чашка,, (метални контењери за комунален отпад), Населба Чашка.

-12:00 часот, Свечена седница на Совет на Општина Чашка, Сала на ООУ Тодор Јанев, Населба Чашка на која пред присутните гости свое обраќање ќе има Градоначалникот на Општина Чашка -Горан Стојановски и Претседателот на Советот -Фемих Бејлуров,

-20:00 часот, Настап на КУД Тодор Јанев Чашка со соодветна програма, Плоштад на Населба Чашка на кој настан се покануваат жителите на Општина Чашка да го проследи настапот.

По повод денот на Општината на 29 август од 10:00 до 16:00 часот ќе се одржи крводарителска акција во организација на Црвен крст Чашка, Сала на ООУ Тодор Јанев, Населба Чашка, а на која ги повикуваме доброволните крводалители да земат учество.