Почитувани соработници,

Општина Чашка Ве известува дека согласно проектот„ Зајакнување на општинските совети“ имаме финансиски средства во висина од 2.700.000 денари.

Овие средства се наменети согласно договорот помеѓу програмата за развој на Обединетите Нации и Општина Чашка за имплементација на проектот „Опремување на ИТ кабинети во рурални средини“ , каде УНДП е партнер за имплементацијата.

Имаме потреба од набавка на компјутери, смарт табли, проектори и мултифункционални принтери.

Ве известуваме дека тендерската постапка е објавена преку електронскиот систем за јавни набавки со број на ОГЛАС 08437/2021.
Истиот може да го погледнете тука.