Денес започна втората и завршна фаза на комплетно асвалтирање на локалниот патен правец кон с. Горно Врановци од регионален пат Р2344 Чашка – Дреново, во должина од 1,3 км.
Минатата година се изврши реконструкција на локалниот пат во должина од 1,5 км ,со почетокот на оваа втора завршна фаза на реконструкција се заокружува комлетно асвалтирање на локалниот пат во должина од 2.8 км до клучката со регионалниот пат кој води кон село Дреново
Инвестиција е вредна околу 3.900 000,00 денари,средства обезбедени од Биро за регионален развој.