Врз основа на член 46 од Законот за урбанистичко планирање (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Чашка објавува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
за формирање на партиципативно тело
За обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање Градоначалникот распишува Јавен оглас за формирање на партиципативно тело.
Јавниот оглас ќе трае 30 дена, односно во перидот од 25.08.2020 год. до 23.09.2020 год.
Јавниот оглас ке биде објавен во службено гласило на општината, на веб страна на општината www.caska.gov.mk, на огласна табла во просториите на општината и во дневен весник.
Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапката за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.
Учествотото на лицата во партиципативното тело е на доброволна основа.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Општина Чашка
Горан Стојановски