Во Општина Чашка денес започна да се реализира проектот , “Набавка на комунална и урбана опрема за општина Чашка” како дел од ЛАГ (Локална Акциона Група) ВАРДАР ЛЕАДЕР средства обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година од АФПЗРР – подобрување на условите на жителите во руралните средини, и од буџетот на општина Чашка во вкупна вредност од 300 000 денари.
? Во првата фаза од проектот денес се набавени два тримери,бензиска косилка за трева и моторна пила за потребите на ЈПКД Тополка.
? Следува втора фаза, поставување на Летниковец во населба Чашка и набавка на 50 канти за смет за потребите на ЈПКД Тополка.