Воспитно образовниот процес на децата во основното образование се одвива во 4 централни основни училишта и 5 подрачни училишта.

Во општина Чашка постојат:

  1. Централно училиште ООУ „Тодор Јанев“ Населба Чашка
    Подрачно училиште во село Мелница
  2. Централно училиште ООУ „Петре Поп Арсов“ Богомила
    Подрачни училишта во селата Извор и Согле .
  3. Централно училиште ООУ „Лирија“ Горно Јаболчиште
    Подрачни училишта во селата Долно Јаболчиште и Горно Врановци
  4. Централно училиште ООУ „Дитуриа“ Бањица

Во рамките на училиштата има отворени спортски терени, кои помагаат за реализација на образовниот процес и влијаат на подобрување на психофизичките способности на учениците и квалитетот на живот.

Согласно Државен завод за статистика, МАКСТАТ БАЗА , во учебната 2025/2026 година во Општина Чашка се запишани вкупно 1104 ученици во основните училишта, од кои 527 ученички и 577 ученици.

Воспитно образовниот процес го спроведуваат вкупно 130 наставници од кои 54 жени и 76 мажи.