Со цел навремено согледување и постапување по барањата на граѓаните на општина Чашка како и разгледување на нивните идеи и предлози, Ве информирам дека како Претседател на Советот на општина Чашка, започнувајќи од 23.03.2022 воведувам „Отворен ден” за средба со граѓани.
Секоја СРЕДА во седмицата, со почеток од 10:00-15:00 часот, во просториите на Советот на општина Чашка граѓаните ќе можат да остварат средба во зависност од нивните потреби.
Искрено се надевам дека овие средби, односно идеите и предлозите кои ќе произлезат од истите, ќе придонесат за подобрување на работата на самата локална самоуправа. Затоа, Ве поканувам сите да земете учество во процесот на придонесување за нашата општина.
Ви благодарам и Ве очекувам.
Со почит,
Претседател на Совет на Општина Чашка,
Трајче Мишкоски
моб. 078 704 249 | talemiskoski@gmail.com |