Ризик фактори за зголемување на семејното насилство
Во состојби на стрес и домашна изолација насилството може дополнително да ескалира. Никој не треба да се чувствува дека е оставен сам на себе.Факторите кои влијааат на интензивно зголемување на стресот на граѓаните, фрустрациите, страв и силна загриженост за иднината, агресивно однесување, изливи на нервоза, зголемена потреба за контрола и изразување моќ, насилно решавање на конфликтите и зголемена примена на насилство. Се ова директно ги става во ризик жените и децата кои се приморани да останат во домовите сос торителите на насилство, да живеат во зголемен ризик од насилство и животно загрозувачка средина.
Поради физичкото присуство на насилниците, жените не се во можност да се јават на линиите за помош и поддршка , или да го пријават насилството.
Потенцијалните жртви можат да се обратат за помош во центрите за социјална работа и воспоставените сервиси на локално , регионално и национално ниво.
Ги охрабруваме сите жртви кои се соочуваат со каква било форма на семејно насилство или насилство од својот партнер да пријават на 192, СОС линиите, во центрите за социјална работа или најблиската полициска станица.
Институциите даваат највисок приоритет на пријавите на семејно насилство и ги превземаат сите мерки за заштита на жртвите.
Каде може да се обратите за помош:
- Полиција 192
- Директно во полициска станица
- Центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство при ЈУ “Меѓуопштински центар за социјална работа” – Велес
- 070 362 281
- e-mail: jumcsrveles@mtsp.gov.mk
- Бесплатните телефонски СОС линии
- НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ
- 070 141-700
- 075 141- 700
- 077 141-700
- www.sozm.org.mk
- Организација на жените на Општина Велес (која работи во општините Велес, Чашка и Градско)
- Канцеларија за бесплатна правна помош седиште Велес
- e-mail: rksozmveles@yahoo.com
- Мирјана Трајкова 070 645 318