Референт за односи со месни заедници и малцински заедници
Сектор за урбанизам, локален економски развој и јавни дејности, Одделение за локален економски развој и јавни дејности
Работни цели
Извршување на активности поврзани со подобрување на работата и односите на месните заедници во општината, како и поттикнувањето на соработката и условите за живот на малинциските заедници
Работни задачи и обврски
- Врши работни контакти со претседателот и членовите на Советот на месните зедници во врска со одредени проблеми во месната заедница,
- Учествува во постапката за избор на органи на месната самоуправа,
- Ги следи барањата на граѓаните од месните заедници,
- Ги организира и координира работите во месните самоуправи со работните тела на Советот,
- Реализира редовни посети по месните заедници за согледување и решавање на прашања од заеднички интерес за граѓаните во месната заедница
- Учествува во изготвување на програма за развој на соработката меѓу граѓаните , припадници на различните малцински заедници во општината
Изготвува информации и врши други административни работи за потребите на месната заедница
контакт телефон: 078 210 612