Воспитно образовниот процес на децата во основното образование се одвива во 3 централни основни училишта и 6 подрачни училишта. На учениците од околните села кои гравитираат околу Чашка им е обезбедено интернатско сместување. На сите други ученици им е обезбеден бесплатен превоз од местото на живеење до најблиското училиште.

Во општина Чашка постојат:

1.Централно училиште  ООУ„ Тодор Јанев“    Населба Чашка
Подрачно училиште Мелница

2.Централно училиште ООУ „ Петре Поп Арсов“ Богомила
Подрачни училишта во Извор, Согле и Ореше

3.Централно училиште ООУ„ Лирија“ Горно Јаболчиште
Подрачни училишта во Долно Јаболчиште и Горно Врановци

Во рамките на училиштата има отворени спортски терени, кои помагаат за реализација на образовниот процес и влијаат на подобрување на психофизичките способности на учениците и квалитетот на живот.

Детални информации за образовните институции (број на ученици, наставници, запишани студенти) можете да погледнете овде.