Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (Сл. Весник на РМ бр.13/06), и член од Статутот на Општина Чашка, Советот на Општина Чашка на седницата одржана на ден 12.06.2007г. донесе:

ЛИСТА
на информации од јавен карактер во Општина Чашка

  1. Информации со кои располага Општина Чашка, а кои се утврдуваат од јавен карактер и кој ќе бидат достапни до барателите на информациите се следните:

  1. Информации за работата на Советот на Општина Чашка

Одлуки, Решенија, Заклучоци, иницијативи, Препораки, Предлог-програми, Програми, Стратегии, Ставови, Информации од работењето на Комисиите и посебните тела на советот на Општина Чашка (предлози, заклучоци, мислења, ставови).

  1. Информации за работата на Градоначалникот на Општина Чашка

Акти, Решенија, Дозволи, Планови, Програми, Ставови, Мислења.

  1. Информации од работата на општинската администрација на
    Општина Чашка

Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Информации за работата на Одделение за правни, општи работи, човечки ресурси и месна самоуправа, Одделение за финансии буџет, општински имот и администрирање со даноци, Одделение за образование, култура, здравство, социјална заштита, спорт и соработка со здруженија на граѓани и фондации и Одделението за инспекциски надзор.

Информации за работата на Одделението за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животната средина:

Информации за работата на Општинскиот штаб за заштита и спасување.

  1. Листата на информации од јавен карактер ќе биде објавена на огласна табла и Службен гласник на општина Чашка.

ОПШТИНА ЧАШКА
Претседател на Советот
Бошко Димовски