Се реализираше форумската сесија во рамки на проектот “Зајакнување на општинските совети во Општина Чашка во просториите на салата на ООУ “Тодор Јанев“ Населба Чашка . Присутните имаа можност да ги добијат информациите за форумскиот процес кој се одвиваше во изминатиот период, како и добивање на детална слика за приоритетните проекти кои се развиваа во текот на форумскиот процес, нивната состојба и идна реализација.

Проектот “Информатички кабинети во рурални средини“ имаше за цел:
-Еднакви услови и унапредување на иновациите на образовниот процес
-Овозможување на младите и запознавање со можностите и учење преку ИТ технологија

Со проектот се набавија 60 персонални компјутери, 4 смарт табли, 4 лцд проектори и 4 мултуфункциски уреди печатари

Информатичките кабинети се со различен број на компјутери за децата и наставниот кадар, професор, опремени со мултифункицски принтер, смарт табла и лцд проектор.

Со проектот се опремија информатички кабинети во ООУ “Лирија” Горно Јаболчиште со 17 компјутери, ООУ “Тодор Јанев” Населба Чашка со 17 компјутери, ПОУ “Тодор Јанев” Мелница со 11 компјутери и ПОУ “Петре Поп Арсов” Извор со 11 компјутери.

Во ООУ “Лирија” Горно Јаболчиште во тек е опремување на вториот кабинет кој во овој момент има 4 компјутери од проектот.

Форумскиот процес на приоретизирање на преоекти е успешен и препознатлив модел на активности во локалните самоуправи. Форумскиот проецс има за цел поддршка на учеството на граѓаните во развојот на заедницата на локално нив преку:
-Вклучување на граѓаните во процесот на одлучување
-Создавање и јакнење на капацитети на сите вклучени страни
-Подобрување на соработката, вмержување и создавање на партнерства на локално ниво
-Подобрување на животот на луѓето во заедницата

Проектот “Зајакнување на општинските совети” ја оствари својата цел, зајакнати и информирани општински совети кои активно ги спроведуваат услогите на надзор и претставување , при што општинските власти стануваат поодговорни и поделотворни во исполнувањето на потребите на граѓаните.
Форумот е алатка за успешно вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки на општинско ниво. Алатката е воведена и спроведена преку Швајцарска агенција за развој и соработка – SDC низ неколку проекти и програми

Општина Чашка ја спроведува како процес во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“. Клучни вклучени страни SDC, UNDP, ЗЕЛС и избраните општини.

Форумите придонесуваат за зголемување на информираноста и вклучувањето на граѓаните и
зголемување на транспарентноста и отчетното работење на општините како и подобрување на соработката меѓу нив.

Постојат: проектен форум, буџетски форум, тематски форум и меѓуопштински форум