Локалната самоуправа – Чашка со соработка на УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети” на 30.11. 2021 година со почеток во 12:30 часот ќе ја оддржи завршната форумска сесија во салата на ООУ “Тодор Јанев” – Населба Чашка.

Се покануваат сите заинтересирани жители да присуствуваат на завршната сесија од форумскиот процес. Проектниот форум е основа на иде, подготовка и финансирање на конкретни проекти.
Проектот “Информатички кабинети во рурални средини” е поддржан со финансиски средства во висина од 50 000 CHF.

Општина Чашка успешно го имплементираше проектот “Информатички кабинети во рурални средини” со кој се опремија 4 информатички кабинети во основните училишта.

Локалната самоуправа апелира за поголемо учество на заедницата.

Дневниот ред на форумската сесија можете да го погледнете овде.