Општина Чашка на ден 25.06.2025 година распиша Конкурс за стипендирање талентирани ученици и студенти за учебната 2025/2026 година со бр.08-1223/1.
Комисијата за определување стипендии за талентирани ученици и студенти пристапи кон отворање на апликации за доделување стипендии при што констатира дека до крајниот рок за доставување барања, до архивата на општина Чашка пристигнати се 5 (пет) пријави, па согласно Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти на општина Чашка бр.08-101/7 од 31.01.2022 година ги разгледа пријавите и изврши административна и квалитативна евалуација.
Комисијата врз основа на извршената евалуација, доставената документација и веродостојноста на истите, како и утврдените достигнувања на учениците и студентите кои се жители на општина Чашка, се одлучи стипендисти на општина Чашка за учебната 2025/2026 година да бидат:
-во категорија ученици избрани се следните:
Име и презиме на ученик
- Стефан Трпков
- Сара Димовска
- Мартина Коцевска
-во категорија студенти избрани се следните:
Име и презиме на студент
- Стефани Петровска
Комисија за определување стипендии за талентирани ученици и студенти:
Трајче Мишкоски-Претседател
Драгица Драскачова-Член
Доан Шабаноски-Член