Општина Чашка започна со земјените работи односно спроведување на предвидените активности: расчистување на теренот , планирање ,нивелирање и порамнување на теренот за игра како и машински ископ на земја.

Земјените активности се спроведуваат од страна на Општина Чашка и ЈКПД Тополка Населба Чашка . Согласно временските услови продолжуваме со интензивни активности до подготовка на теренот за поставување на асфалт на игралиштето за фудбал.

Ова е дел од проектот „ Мултифункционален спортски терен во Лисиче и Бањица “– инвестиција со обезбедени финансиски средства , мал грант во висина од 10.330 евра наменети за полската развојна соработка од Амбасадата на Република Полска во Скопје.