Врз основа на член 48 став 3 од Законот за административни службеници (“Службен весник на РМ.“бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), и (“Службен весник на Република Северна Македонија бр.275/19,14/20,215/21,99/22 и 208/24) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл.весник на РСМ бр.259/24 г.), а согласно Правилник за систематизација на работни места, бр.01-229/2 од 20.07.2016 година, Правилник за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во општина Чашка бр.01-745/4 од 18.05.2018 година, Градоначалникот на Општина Чашка објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2025
ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК

1. Виш соработник за ИКТ, СЕКТОР ЗА СТРУЧНА ПОДДРШКА, ПРАВНИ, ОПШТИ РАБОТИ И ИКТ, во ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИКТ со шифра, УПР 01 01 В02 000-(1) извршител.

    Административниот службеник кој аплицира на интерниот оглас треба да ги исполнуваат општите и посебни услови за работното место за соодветното ниво и тоа:

    Општи услови

    – да е државјанин на Република Македонија,
    – активно да го користи македонскиот јазик,
    – да е полнолетен,
    – да има општа здравствена способност за работното место,
    – со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должности

    Посебни услови

    Потребни општи работни компетенции

    Потребни посебни работни компетенции

    Распоред на работно време

    Паричен нето износ на плата: 33.900,оо денари

    2. Заинтересираниот административен службеник вработен во општина Чашка,поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архива на општина Чашка, до одделение за правни работи на адреса Илинденска број 8 Чашкакако и на службената електронска адреса opstina@caska.gov.mk со назнака за интерен оглас.

      Во пријавата кадидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот. Постапката ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување формирана од Градоначалникот на општина Чашка. Постапката се состои од две фази:административна селекција и интервју.

      3. Рокот за доставување на пријавите со доказите трае пет 5 (пет) дена, од денот на објавување на интерниот оглас на web страната на институцијата и на страната на Агенција за администрација.

      4. Ненавремена,неуредна и нецелосна пополнета пријава,нема да биде предмет на разгледување, а кандидатите кои ќе поднесат лажни податоци во пријаватаќе бидат дисквалификувани од понатамошна постапка по огласот.

        ПРИЈАВА

        ОПШТИНА ЧАШКА
        Градоначалник,
        Горан Стојановски, с.р.