Општина Чашка ја потпиша декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, имајќи ја предвид улогата на жената во современите економски процеси и ќе се залага за :

• Создавање на поволно деловно опкружување и обезбедување поддршка за развој на претприемачкиот потенцијал на жените, со што ќе се придонесе кон развојот на постојните и креирање на нови претпријатија, на нови работни места, а со тоа и јакнење на целокупната економија.

• Обезбедување на системска поддршка за развој на женско претприемништво и креирање на инфраструктура за негова поддршка и развој.

• Градење на националната платформа за женско претприемништво како главен партнер во креирање на политики во реформскиот процес, преку поттикнување на поголемо учество на жените во процесот на одлучување и креирање политики на локално и национално ниво.

• Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво со цел креирање политика, застапување и соработка со националните и локалните власти и формирање на локални клубови за женско претприемништво.

• Промовирање на квалитетни примери на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика со цел зајакнување на женското претприемништво и придонес за зголемување на видливоста и опфатот на платформата преку активно промовирање позитивните примери за овозможување родова еднаквост.
Општина Чашка го препознава женското претприемништво како сила која придонесува во развојот на претприемачкиот екосистем како и економијата во земјата.

Во рамки на Националната платформа за женско претприемништво ,а со цел поддршка и промоција на женското претприемништво, (NPWE) ”финансирана од Европската Унија, објавува ЈАВЕН ПОВИК на ден 14.03.2022 година со инструкции за апликанти.
Националната федерација на фармери (НФФ), е една од партнер организациите кои го спроведуваат проектот „Национална платформа за женско претприемништво“, кофинансиран од Европската Унија, во соработка со Здружение на бизнис жени, Фондација за менаџмент и индустриско истражување МИР и Сојуз на стопански комори, објавуваат Јавен повик за ангажирање на „Амбасадорки“- жени претприемачи

Цел на проектот е: Поттикнување и зајакнување на капацитетите на жени претприемачи и граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женско претприемништво со спојување на постојните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа.

Специфични цели:
-Градење на национална платформа за женско претприемништво како главен социјален партнер за креирање политики и реформски процеси;
-Олеснување на структурниот дијалог, вмрежување и консултации меѓу засегнатите страни од женското претприемништво на национално и локално ниво;
-Одобрување на капацитетите на граѓанските организации за женско претприемништво за политика, застапување и соработка со националните и локалните власти;
-Промовирање на жени претприемачи како двигатели на промените во јавната политика и (младинско) економско зајакнување поврзани со женско претприемништво;
-Придонес кон видливоста и опфатот на платформата
Критериуми за избор

За избор на амбасадорки ќе биде формирана комисија за избор која ќе направи евалуација врз основа на поднесените документи
„Амбасадорките“ треба да ги исполнуваат следните критериуми:
Најмалку 3 години искуство во активности поврзани со развој и промоција на женското претприемништво;
Докажани во својата бизнис кариера или сопствен бизнис, стекнати врз основа на своите компетенции и искуство во претприемништво.
Препознаeни во креирање и презентирање на претприемачки, и лидерски вештини;
Високо развиени аналитички и комуникациски вештини;
Изградени односи и релации со пошироките општествени чинители важни за развој на женското претприемништво;
Докажани способности за планирање и организација и имплементација на активности од почеток до финално известување;
На повикот можат да аплицираат полнолетни млади жени до 35 годишна возраст;

Процедура за пријавување:
Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба да ги достават следните документи:

Професионална биографија;
Писмо за намера;
Листа на референци;
Понудена програма со предлог активности и визија кои би биле дел од проектните активности во дадената временска рамка на проектниот ангажман;
Финансиска понуда во бруто износ со вклучен персонален данок
Краен рок за поднесување апликации
Краен рок за доставување на целокупната документација е до 11 април 2022 година до 16.00 ч. по електронска пошта на адреса: jasmina.bosevska@nff.org.mk

Понудите што ќе бидат доставени по овој рок, нема да бидат земени предвид

Известување на кандидатите
По завршување на евалуација на доставените понуди ќе бидете известени за направениот избор. Известувањето ќе биде направено по електронски пат на маил адресите наведени во апликацијата односно биографијата.

Инфо контакт: Јасмина Бошевска,

моб. 071/277–868, e-mail: jasmina.bosevska@nff.org.mk

Повеќе информации може да погледнете на Јавниот повик National Platform for Women Entrepreneurship | Јавен повик за ангажирање на „Амбасадорки“ – жени претприемачи на “Национална платформа за женско претприемништво (NPWE)” (weplatform.mk)