Општина Чашка зема активно учество на тркалезната маса „ Политики и мерки за лицата со попреченост во руралните средини согласно проектот „ Од попреченост до обезбеденост со храна “ – FROM DISABILITY TO FOODABILITY.

Тркалезната маса е дел од активностите на која сите локални самоуправи кои се дел од проектот имаа можност да ги искажат своите видувања, постигнати резултати од проектот на локално ниво.
Проектот е спроведуван од страна на Националната федерација на фармери со поддршка на Шведската органзиација за развој We Effect Radiohjalpen. Како надворешна експертиза на полето на лица со попречност во овој проект е вклучен Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот Факултет во Скопје.

Целта на проектот е придонесување кон подобрување на состојбата на лицата со попречност- децата и возрасните со интелектуална и физичка попреченост и нивните семејства кои живееат во руралните области.
Економско и социјално зајакнување на лицата со попреченост и нивните семејства во руралните области преку прилагодување во начинот на производство на храна како што се пластеници и градини за производство на зеленчук како и интервенции , инфраструктурни на терен.

Општина Чашка беше дел од проектот и искрено се надеваме дека и во иднина ќе имаме можност за соработка и видливи резултати во локалната средина се со цел подобрување на квалитетот на живот на лицата со попречености.

Преку проектот во Населба Чашка поставено е детското инклузивно игралиште како и два пластеници во училишниот двор на ООУ „ Тодор Јанев “ Населба Чашка.

Продолжуваме да создаваме видливи резултати со партнерскиот пристап на локалната самоуправа и здруженијата на граѓани кои делуваат на нашата територија.