Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници (“Службен весник на РМ.“бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018) и ( Службен Весник на Република Северна Македонија бр.275/19,14/20,215/21 и 99/22), Градоначалникот на Општина Чашка, донесе:

ОДЛУКА
за избор за унапредување на административен службеник по интерен оглас

1. По интерниот оглас бр.1/2022 за унапредување на административен службеник, објавен на 26.10.2022 на веб страната на Општина Чашка и Агенцијата за администрација – за работно место

01. Раководител на Одделение за урбанизам, заштита на животна средина и енергетска ефикасност УПР0101Б04000 -(1) извршител.
од предложената ранг листа, се избира следниот кандидат:


– Горанчо Игнов

2.Градоначалникот на општина Чашка, во рок од пет дена по конечноста на Одлуката, ќе донесе Решение за унапредување на административниот службеник од точка 1 на оваа Одлука.

3.Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е

На ден 26.10.2022 година на веб страната на Општина Чашка и на веб страната на Агенцијата за Администрација објавен е Интерен оглас бр.1/2022 за унапредување на административен службеник во Општина Чашка, за работно место-

01. Раководител на Одделение за урбанизам, заштита на животна средина и енергетска ефикасност УПР0101Б04000 -(1) извршител.

Со Решение бр.09-1427/7 од 07.11.2022 година, формирана е Комисија за селекција за унапредување на административен службеник. Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник спроведе административна селекција и Записник од административна селекција за интерен оглас бр.04-1427/8 од 07.11.2022 година.

На ден 08.11.2022 година, Градоначалникот,спроведе интервју со уредниот кандидат за работното место под реден број 01. од интерниот оглас, Раководител на Одделение за урбанизам, заштита на животна средина и енергетска ефикасност УПР0101Б04000 -(1) извршител, Записник број 04-1427/9 од 08.11.2022 година и изготви Финална ранг листа на интервјуирираниот кандидат и предлог Одлука за избор на прво рангираниот кандидат, бр.04-1427/10 од 08.11.2022 година.

Од финална ранг листа и предлог одлуката за избор на прво рангираниорт кандидат, Градоначалникот на Општина Чашка изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

Правна поука: Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Агенцијата за администрација, во рок од осум дена од денот на објавување на одлуката на веб страната и на огласна табла на Агенција за администрација.

ОПШТИНА ЧАШКА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Горан Стојановски, с.р.