Врз основа на чл.45 ст.1 од Закон за Административни службеници (Службен весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 05/2016, 142/2016, 11/2018) и(Службен весник на РСМ бр. 275/2019 и 14/2020),Градоначалникот на општина Чашка, ја донесе следната:


О Д Л У К А
за избор на кандидат за вработување на административен службеник по Јавен Оглас 128/2020

  1. За работно место- УПР0101В04000 Помлад соработник за финансиско книговодство, Одделение за финансиски прашања, СЕ ИЗБИРА КАНДИДАТОТ СТОЈНЕ АНИШИЌ .
  2. Избраниот кандидат ќе биде вработен на наведеното работно место од точка 1 , по конечноста на оваа Одлука,за што ќе се донесе посебно решение за вработување.
  3. Оваа Одлука се објавува на веб страницата на општината и огласната табла на Агенцијата за администрација.

О б р а з л о ж е н и е

Комисијата за селекција за вработување на административни службеници, формирана со Решение бр.10-1611/3 од 21.10.2020 година, по Јавен Оглас бр.128/2020 од 21.10.2020 година, објавен во три дневни весници Нова Македонија, Вечер и Лајм, спроведе постапка за вработување на административен службеник согласно Закон за Административни службеници.

Комисијата спроведе административна селекција со Записник од извршена административна селекција за административен службеник бр.10-1611/4 од 06.11.2020 година, Записник за спроведен испит за Административни службеници бр. 10-1611/5 од 20.11.2020 година, Записник од спроведена проверка на веродостојност на докази и Интервју за Административен службеник бр. 10-1611/6 од 24.11.2020 година, Конечна ранг листа и предлог за вработување на кандидати бр.10-1611/8 од 24.11.2020 по Јавен
Оглас број 128/2020.

Врз основа на приложената документација, Градоначалникот на општина Чашка,одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.
По завршување на постапката за избор и правосилност на одлуката, за избраниот кандидат ќе се донесе Решение за вработување и ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.

Правна поука: Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до Агенцијата за Администрација во рок од осум дена од денот на објавување на одлуката на Веб страницата на општината и на огласната табла на Агенцијата за администрација.

Доставено до:
Архива
Кандидатот
Аген.за администрација
Изработил:Мирова Бојанка
Raк.на Сект.за стучна поддршка,општи,правни работи и ИКТ

ОПШТИНА ЧАШКА

Градоначалник

Горан Стојановски, с.р.