Врз основа на чл.45 ст.1 од Закон за Административни службеници (Службен весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 05/2016, 142/2016, 11/2018) и (Службен весник на РСМ бр. 275/2019 и 14/2020), Градоначалникот на општина Чашка, ја донесе следната:


ОДЛУКА
за избор на кандидат за вработување на административен службеник по Јавен Оглас 230/2020

  1. За работно место- УПР0101В03000 Соработник за просторно и урбанистичко планирање, Одделние за урбанизм,заштита на животната средина и енергетска ефикасност, Сектор за урбанизам, ЛЕР и јавни дејности, СЕ ИЗБИРА КАНДИДАТОТ ТАЊА ЛЕФТЕРОВА.
  2. Избраниот кандидат ќе биде вработен на наведеното работно место од точка 1, по конечноста на оваа Одлука, за што ќе се донесе посебно решение за вработување.
  3. Оваа Одлука се објавува на веб страницата на општината и огласната табла на Агенцијата за администрација.


Образложение:


Комисијата за селекција за вработување на административни службеници, формирана со Решение бр.10-1880/5 од 02.12.2020 година, по Јавен Оглас бр.230/2020 од 30.11.2020 година, објавен во три дневни весници Нова Македонија, Вечер и Лајм, спроведе постапка за вработување на административен службеник согласно Закон за Административни службеници.

Комисијата спроведе административна селекција со Записник од извршена административна селекција за административен службеник бр.10-1880/6 од 17.12.2020 година, Записник за спроведен испит за Административни службеници бр. 10-1880/7 од 28.12.2020 година, Записник од спроведена проверка на веродостојност на докази и Интервју за Административен службеник бр. 10-1880/8 од 30.12.2020 година, Конечна ранг листа и предлог за вработување на кандидати бр.10-1880/9 од 30.12.2020 по Јавен Оглас број 230/2020.

Врз основа на приложената документација, Градоначалникот на општина Чашка, одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.

По завршување на постапката за избор и правосилност на одлуката, за избраниот кандидат ќе се донесе Решение за вработување и ќе се склучи договор за вработување на неопределено време.

Правна поука: Против оваа одлука незадоволниот кандидат има право на жалба до Агенцијата за Администрација во рок од осум дена од денот на објавување на одлуката на Веб страницата на општината и на огласната табла на Агенцијата за администрација.

Доставено до:

Изработил:

Мирова Бојанка
Raк.на Сект.за стучна поддршка,општи,
правни работи и ИКТ

ОПШТИНА ЧАШКА

Градоначалник

Горан Стојановски