Република Северна Македонија
Совет на општина Чашка
08-522/1
28.03.2022 година

Врз основа на член 40 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02) и член 28, став 2 од Стаутот на општина Чашка („Службен гласник на општина Чашка“ бр.8/07, 7/19, 1/20, 16/20, 5/21), на прелог на Градоначалникот, Претседателот на Советот на општина Чашка, донесе

РЕШЕНИЕ
ЗА СВИКУВАЊЕ ОСМА (ВОНРЕДНА) СЕДНИЦА НА
СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЧАШКА

Претседателот на Советот на општина Чашка свикува вонредна седница на Советот на општина Чашка, која ќе се одржи на 30.03.2022 година (среда) со почеток во 08:30 часот во просториите на Советот на општина Чашка.
На седницата го предлагам следниот

ДНЕВЕН РЕД

  1. Предлог-Одлука за пренесување на надлежност за одржување на јавно осветлување од општина Чашка на ЈПКД „Тополка“ Чашка;
  2. Предлог-Одлука за усвојување на Програма за изменување и дополнување на Програма за јавно осветлување на територијата на општина Чашка за 2022 година;
  3. Советнички прашања;
  4. Разно;

ОПШТИНА ЧАШКА
Претседател на Совет
Трајче Мишкоски