Тимот на проектот “ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар” организира отворен ден со граѓанските организации во Чашка на 19 март 2024 (вторник) со почеток во 15:30 часот во Салата на Советот на општина Чашка (во близина на ОУ Тодор Јанев, Чашка). Планирано е средбата да трае околу 1 час.

Целта на средбата е да се информираат локалните организации за актуелните случувања на национално ниво за развој на граѓанското општество, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар, ЕУ агендата и други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите на локално ниво. Покрај граѓанските организации на настанот се поканети и претставници на општинската администрација, млади активисти и волонтери и претставници на бизнис заедницата што соработуваат со граѓанските организации.

На средбата учесниците ќе имаат прилика подетално да се запознаат со начинот и условите за градење капацитети на граѓанските организации на различни теми кои се од интерес за развој на ГО, Инструментот за самооценка на организациските капацитети, ресурсната поддршка и сл.
Ве молиме да го потврдите вашето учество на: info@rcgo.mk и/или 072-248 476 и/или 070/254-380
Проектот ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2 е финансиран од Европската Унија а го спроведува Фондацијата Граѓански ресурсен центар, Македонски центар за меѓународна соработка, Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар и Медиа плус, Штип.