Локална самоуправа – Чашка во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка, а во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“ почнува со реализација на Форуми во заедницата и Ве поканува да бидете дел од нив.

Во покануваме да присуствувате на форумот на заедница каде, Вие со вашите идеи и потребите одлучувате како ќе ја изградите вашата иднина.

Цели на форумскиот процес се:
• Вклучување на граѓаните во процесот на одлучување
• Создавање и јакнење на капацитети на сите вклучени страни
• Подобрување на соработката, вмрежување и создавање на партнерства на локално ниво
• Подобрување на животот на луѓето во заедницата

Начинот на работа на форумот е преку …

организирање на 5 форумски сесии на кои присутните граѓани ќе ги лоцираат проблемите во локалната средина во делот на социјална инклузија и ќе понудат решенија за истите. Всушност Проектниот форум ќе биде основа на идеи, подготовка и финансирање на конретни проекти. Најмалку 1, а најмногу 3 проекти ќе бидат поддржани, а проектен фонд со кој располага форумот е 50.000 CHF. Главна тема на интервенција на форумот е Социјална инклузија, вклучувајќи и поврзани теми со родова еднаквост, добро владеење и социјална инклузија и меѓуетничка соработка

Одлучи сам за твојата околина/ својата општина.

ДНЕВЕН РЕД

12:30-12:45 Добредојде на присутните, претставување на дневниот ред и целите на втората форумска сесија

12:45-13:00 Преглед на предходната сесија и работата меѓу сесии – предложени концепти и членови на работни групи

13:00-13:10 Презентација на критериуми за проекти

13:10-13:30 Концепт (1) – Реконструкција на куќа, куќи за лица со посебни потреби и за мали групни домови – презентација

Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот

13:30-13:50 Концепт (2) – Културен рекеративен центар – презентација

Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот

13:50-14:10 Концепт (3) – Изградба и реконструкција на спортски игралишта( Населба Чашка, Долно Јаболчиште и Горно Јаболчиште – презентација

Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот

14:10-14:30 Пауза

14:30-14:50 Концепт (4) – Информатички кабинети

Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот

14:50-15:10 Концепт (5) – Заштитна ограда за безбедност на река Тополка, Горно Јаболчиште – презентација

Дискусија и прифаќање на концептот од страна на форумот

15:10-15:20 Дооформување на работните групи за развивање на предлог проекти

15:20-15:45 Презентација на формат за предлог проект

15:45-16:00 Одредување на термин за следната сесија

16:00 -16:10 Оценка на форумската сесија

Втората форумска сесија ќе се одржи на 10.03.2020 година (вторник) со почеток во 12:30 часот во сала на ОУ „Тодор Јанев“ населба Чашка.

Со почит,
Градоначалник на општина Чашка
Горан Стојановски