Почитувани,

Општина Чашка во соработка со НВО Инфоцентар и АКТИВО Велес организира настан , работна средба за здруженијата на граѓани кои делуваат на територија на Општина Чашка согласно проектот „ Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“.

Работната средба има за цел информирање на здруженијата на граѓани кои делуваат на територија на Општина Чашка и користат средства од буџетот на Општина Чашка .

На работната средба присутните ќе имаат можност да добијат информации за начинот на доделување на финансиски средства во 2022 година, согласно „Програмата за активностите на Општина Чашка во областа на спортот и здруженија на граѓани„.

Искрено се надеваме дека здруженијата на граѓани ќе земат активно учество на работната средба на 10.12.2021 година( петок) во салата на Совет на Општина Чашка во 10:30 часот.

За сите дополнителни информации може да обратите во Одделение за локален економски развој и јавни дејности при Општина Чашка, Сали Латифов 076 482 771, Sali.latifov@caska.gov.mk и Лидија Пљакова, 075 47 27 47 lidija.pljakova@caska.gov.mk