Врз основа на член 62, став (10) од Законот за урбанистичко планирање (“Службен Весник на РСМ” бр.32/20, 111/23, 171/24), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Службен Весник на РМ” бр.05/02), Градоначалникот на општина Чашка објавува:

СООПШТЕНИЕ

За организирање на јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за изградба на Е1.8 – водови за пренос на електрична енергија/ 10(20)КВ среднонапонски надземен вод, Е1.9 телекомуникациска антена ВЛС9243, КО Богомила, Општина Чашка.

Јавниот увид ќе трае 15 дена, од 02.06.2025г до 17.06.2025 година, на службената веб страна на општина Чашка (www.caska.gov.mk) и е-урбанизам.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.

Во прилог:

• Соопштение за јавност
• Графички прилог
• Анкетен лист