Почитувани,

На ден 15.03.2020 година се одржа состанок на Кризниот штаб на општина Чашка, каде се дискутираше за моменталната состојба на нашата општина настаната како резултат на опасноста од ширање на Covid-19 (коронавирус)

Од состанокот произлегоа заклучоци и се превземаат следните мерко на превенција од ширење на Covid-19 (коронавирус):

1. Општина Чашка формира мобилен тим за помош на сите стари и изнемоштени лица и лица со попреченост од општината. Секој оној граѓанин од наведените категории, кој има потреба од набавка на лекарства, прехрамбени производи и средства за хигиена, со цел да не остварува …

непосреден контакт со останати луѓе и се изложи на дополнителна опасност од инфицирање со Covid-19 (коронавирус) ќе може да телефонира секој ден од неделата, на следните телефонски броеви:

076/426-830 и 075/499-340 секој ден во периодот од 07:00 до 19:00 часот

во исто време упатуваме апел да се однесувате одговорно и да останете дома.

2. Да настојувате да се врши бесплатен лекарски преглед на сите жители во Вашите населени места кои доаѓаат од странство. Со ова спречувате евентуалните заболени да не го пренесат вирусот на Вашите најблиски, а потоа и на останатите. Оние кои не сакаат да одат на преглед можете да ги пријавите на следниве броеви:

-071/219-278 – Центар за јавно здравје – Велес
-195 – Центар за управување со кризи
-192 – Полиција
-043/241-133 Полициска станица, Чашка

3. Полицијата да врши што поголема редовна контрола на лица и возила

4. Да се забранат јавни собири и работа на кафетерии, ресторанти и чајџилници, освен оние кои доставуваат храна

5. Во продавниците се забранува групирање и задржување на подолго време

6. Апелираме да се внимава при партиски собири и собирања во верски објекти (цркви и џамии) и истите да се избегнуваат колку што може повеќе

7. Задолжително да се води лична хигиена и да се користат заштитни маски и ракавици доколку има потреба да се излегува надвор.

Командант на Кризен Штаб

на Општина Чашка

ГРАДОНАЧАЛНИК

Горан Стојановски