Се известуваат сите жители на општина Чашка дека овластени лица од Агенција за катастар на недвижности ќе вршат мерења и фотографирање на секоја куќа поединечно со цел да се воведе Адресен регистар на сите улици и куќни броеви на цела територија на општина Чашка.

Согласно Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти и Правилникот за содржината, постапката и начинот на водење на електронска евиденција на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, броеви за нумерирање на објектите и за содрѓината, постапката и начинот на водење на електронскиот регистар ќе се спроведе теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви во секое населено место во општина Чашка.
Се замолуваат сите жители на општина Чашка да овозможат непречено вршење на работата на лицата на терен ангажирани од страна на Агенција за катастар на недвижности.

За било какви дополнителни информации општина Чашка и месните заедници Ви стојат на располагање.

Чашка, 07.09.2020 година

Со почит,

ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник
Горан Стојановски