ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЧАШКА

Суат Шаќиров
Почитувани,
Да изградиме развиена, модерна и инклузивна општина, каде што економскиот развој, квалитетното образование, ефикасното здравство, благосостојбата на граѓанинот и професионалната и отчетна јавна администрација се во центарот на секоја одлука.
Ви благодарам на довербата, која ќе се потрудам целосно да ја оправдам.
Со почит:
ОПШТИНА ЧАШКА
ГРАДОНАЧАЛНИК
Суат Шаќиров
АДРЕСА:
Градоначалник на Општина Чашка
ул. “Илинденска” 8, 1413 Чашка
Контакт:
телефон: ++389 43 241 400, ++389 75 262 688
e-mail: gradonacalnik@caska.gov.mk
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ:
Дата на раѓање: 21 октомври 1988, с. Горно Јаболчиште
ОБРАЗОВАНИЕ:
- Правен факултет (судска насока) – Државен универзитет во Тетово
- Факултет за политички науки – Универзитет на Југоисточна Европа
- Магистер по дипломатија – Универзитет на Југоисточна Европа
- Докторски студии по кривично право – Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
ОСОБИНИ И РАБОТНО ИСКУСТВО:
Работа во државната администрација:
- 2012 година – Секретаријат за имплементација на Охридскиот договор, со фокус на неговата примена во државните институции
- 2014 година – Стручен соработник-правник во Министерството за правда, во подготовка и следење на законски измени и зајакнување на правниот систем
- Организациски директор во Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија во Скопје
- Градоначалник на Општина Чашка од 2025 година
Професионални ангажмани:
- Член на повеќе работни групи за правни реформи и национални стратегии
- Автор на анализи/мислења во локални и регионални медиуми
- Вклучен во менаџирање на семејниот бизнис и во хуманитарни иницијативи
- Секретар на Државниот совет за превенција на детска деликвенција
- Член на работната група за изработка на стратегија на Министерството за внатрешни работи
- Учесник на меѓународни конференции и семинари во земјата и странство
Клучни вештини:
- Менаџирање на проекти, анализа, преговарање, комуникација, лидерство и тимска работа.
Суат Шаќиров, како личност е комуникативен, близок со народот, човек од збор, секогаш спремен за излезе во пресрет за голем број на проблеми од различен карактер. Со докажани способности за организирање на голем број на активности и професионален пристап кон сите предизвици, ќе се обиде да ја оправда својата позиција на Градоначалник на општина Чашка.