Денес, 11.11.2021 година се оддржа конститутивната седница на Советот на Општина Чашка .

Советот брои 11 членови од кои 4 советници се од редовите на Коалицијата “Најдоброто за мојата Општина“ предводена од СДСМ, 4 советници се од редот на Коалицијата “Сите Заедно“ која ја сочинуваат партиите ДУИ, АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ И АЛТЕРНАТИВА, и тројца советници се од Коалицијата Обнова за Македонија предводена од ВМРО ДПМНЕ.

Состав на советот :
Биљана Арсовска-Ѓурчиновска (Коалицијата “Обнова за Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ)
Фикрете Ахмети ( Коалицијата “Сите Заедно“)
Асан Билески (Коалицијата “Обнова за Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ)
Николче Богоевски (Коалицијата “Најдоброто за мојата Општина“ предводена од СДСМ)
Африм Зеќири ( Коалицијата “Сите Заедно“)
Драгица Драскачова (Коалицијата “Најдоброто за мојата Општина“ предводена од СДСМ)
Ибраим Исмаиловски (Коалицијата “Сите Заедно“)
Трајче Мишковски (Коалицијата “Обнова за Македонија” предводена од ВМРО ДПМНЕ)
Рушит Садиков (Коалицијата “Најдоброто за мојата Општина “ предводена од СДСМ )
Халит Фератов ( Коалицијата “Сите Заедно“)
Доан Шабановски (Коалицијата “Најдоброто за мојата Општина “ предводена од СДСМ

За Претседател на Советот на Општина Чашка се избра Трајче Мишковски од коалицијата “Обнова за Македонија” предводена од ВMРO ДПМНЕ.