Проект Изградба на детска градинка во село Мелница
Вредност на проектот 19.479.151 МКД со ДДВ

Општина Чашка како проактивна општина на која потребите на граѓаните и се врвен приоритет, ја препознава потребата од дисперзирање на детската заштита и во други поголеми населени места во Општина Чашка.

Објектот е со катност приземје со бруто површина 273 м2 без влезните тремови и терасата за занимална на отворено. Односно објектот опфаќа: влезен дел, ходник, канцеларија со простор за изолација, котлара, просторија за вработените, тоалети за вработени и деца, дистрибутивна кујна, остава, перална, гардероба за деца, занимална и мултинаменска просторија како и дворна површина со 1210 м2.

Нето површина на надворешните тремови и терасата надворешна занималана е следна: влез трем- главен влез со површина од 16 м2 , влезен трем- службен влез со површина од 12 м2 , тераса со површина од 50 м2.

Објектот согласно правилниците ќе има капацитет од две хетерогени градински групи кои ќе згрижуваат вкупно 40 деца на возраст од 2 до 6 години. Со истото би се задоволиле потребите на младите родители за згрижување на нивните деца, а децата ќе се социјализираат, афирмираат, ќе се развива и усовршува нивната моторика, ќе се богати и култивира говорот, ќе се задоволуваат потребите на детето за игра и контакти со врсници и возрасни, ќе се развиваат изразните и творечки потенцијали, ќе се создаваат хигиенски, културни, работни навики и др.