Врз основа на член 52 од Законот за адмонистративни службеници (“Службен весник на РМ.“бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), и (Службен Весник на Република Северна Македонија бр.275/19, 14/20, 215/21 и 99/22, Градоначалникот на Општина Чашка, донесе:

ОДЛУКА
за избор за унапредување на административен службеник по интерен оглас

1.По интерниот оглас бр.1/2025 за унапредување на административен службеник, објавен на 28.04.2025 на веб страната на Општина Чашка и агенцијата за администрација-за работно место
Виш соработник за ИКТ, СЕКТОР ЗА СТРУЧНА ПОДДРШКА, ПРАВНИ, ОПШТИ РАБОТИ И ИКТ, во ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИКТ со шифра, УПР 01 01 В02 000-(1) извршител.

од предложената ранг листа,се избира следниот кандидат:
–Јованче Николовски

2.Градоначалникот на општина Чашка, во рок од пет дена по конечноста на Одлуката, ќе донесе Решение за унапредување на административниот службеник од точка 1 на оваа Одлука.

3.Оваа Одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесувањето.

Образложение

На ден 28.04.2025 година на веб страната на Општина Чашка и на веб страната на Агенцијата за Администрација објавен е Интерен оглас бр.1/2025 за унапредување на административен службеник во Општина Чашка, Виш соработник за ИКТ, СЕКТОР ЗА СТРУЧНА ПОДДРШКА, ПРАВНИ, ОПШТИ РАБОТИ И ИКТ, во ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИКТ со шифра, УПР 01 01 В02 000-(1) извршител за работно место-

Со Решение бр.09-809/6 од 12.05.2025 година, формирана е Комисија за селекција за унапредување на административен службеник. Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник спроведе административна селекција и Записник од административна селекција за интерен оглас бр.09-809/7 од 13.05.2025 година.

На ден 15.05.2025 година, Комисијата спроведе интервју со уредниот кандидат за работното место од интерниот оглас, Записник број 09-809/8 од 13.05.2025 година и изготви Финална ранг листа на интервјуирираниот кандидат и предлог Одлука за избор на прво рангираниот кандидат.

Од финална ранг листа и предлог одлуката за избор на прво рангираниорт кандидат,Градоначалникот на Општина Чашка изврши избор како во диспозитивот на оваа Одлука.

Правна поука: Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Агенцијата за администрација,во рок од осум дена од денот на објавување на одлуката на веб страната и на огласна табла на Агенција за администрација.

ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник,
Горан Стојановски, с.р.