Општина Чашка формира Иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Чашка, кој претставува неформална група со цел конституирање на Локално собрание на млади на Општина Чашка.
Иницијативниот одбор е составен од 5 (пет) членови жители на Општина Чашка на возраст од 15 до 29 години.
Мандатот на членовите на Иницијативниот одбор трае до одржување на констититивно Локално Собрание на млади.
Општина Чашка ја спроведува постапката за избор на членови на Иницијативниот одбор за конституирање на Локално Собрание на млади на Општина Чашка, а работата на истотот се кординира и помага од страна на службено лице во Општина Чашка.
УЛОГА И ЗАДАЧИ НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР:
Поддршка на општината во креирањето или ревидирањето на актите и Одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на Локалниот младински совет.
Распишување повик за конститутивно Локално Собрание на млади во согласност со Статутот на Општина Чашка, по приниципот на јавност и транспарентност.
Соработка со општината при организација и одржување на конститутивно Локално собрание на млади.
ВО ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР може да членуваат:
-Младински организации
-Организации за млади
-Политички подмладоци
-Ученички организации
-Студентски организации
-Други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територија на општина Чашка и сакааат да учествуваат во основањето на Локалниот Младински Совет.
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ:
Портфолио на организацијата/групата/здружението;
Годишна програма на организацијата/групата/здружението;
Извештај за работата на младинската организација/здружението за претходната календарска година или друг документ во кој се наведени реализирани активности со млади, младински политики и иницијативи на подрачјето на Општина Чашка;
Писмо со номинација за претставникот во ИО и контакт информации;
Mотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија;
Изјава за согласност за користење на лични податоци од номинираното лице и
Изјава за согласност за прифаќање на номинацијата за претставник во ИО од номинираното лице.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР:
-жител на Општина Чашка
-возраст од 15 до 29 години и
-проактивен /на, креативен/на и способен/на за индивидуална и тимска работа.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Пријавите за членство во Иницијативниот одбор за конституирање на Локалното собрание на млади на Општина Чашка со потребната документација во еден оргинален примерок, во затворено плико, адресирани до: Општина Чашка, ул.Илинденска бр 8, 1413 населба Чашка, се доставуваат во архива на Општина Чашка, со назака „За јавен повик за формирање на Иницијативен одбор за конституирање на Локално собрание на млади на Општина Чашка “
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
7 (седум) работни дена од денот на објавивање на Јавниот повик, започнувајќи од 08.07.2025 до 16.07.2025 година.
ВО ПРИЛОГ:
ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник
Горан Стојановски, с.р.