Нов „Дневен центар за стари и возрасни лица“ во Извор

Општина Чашка е дел од „ Програмата за изградба, опремување и оддување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2018 година“, каде средствата за реализација на оваа програма се обезбедени од Буџетот на Република Македонија, Министерство за труд и социјална политика. Согласно програмата, средства се обезбедени за изведување на градежни работи […]
Уредување на приодот на Општина Чашка

Општина Чашка во соработка со ЈКПД „Тополка„ и ЈП „Македонија Пат“ врши уредување на просторот во непосредна близина на железничката пруга на местото викано “Пашин мост” кое се наоѓа на границата на општините Велес и Чашка. Имено со добиена согласност на ЈП “Македонски железници” – Инфраструктура, објектот ќе се намени во туристичко-информативно биро, а просторот […]
Известување за земјоделските стопанства

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за 2018 година е продолжен до 12 јуни 2018 година. Во овој период ќе се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и […]
Во очекување на „АЗОТ 2018“

Општина Чашка е горда на функционирањето на здруженијата на граѓани кои делуваат на територија на Општина Чашка и со своите програмски и проектни активности активно се вклучени во подобрување на квалитетот на живот во населените места и афирмација на формите за развој и промоција на алтернативниот туризам. Веќе неколку години, традиционално во јуни се … […]
Детска градинка „БАМБИ“ во Населба Чашка

Од 2 мај 2018 година започна со работа Општинска Јавна Установа Детска Градинка „Димче Мирчев“ Велес со осмиот објект – „БАМБИ“ во Населба Чашка. Во „БАМБИ“ се социјализираат 27 деца на … возраст од 2 до 6 години кои секојдневно ја посетуваат градинката од 6:00 до 17:00 часот. Градинката овозможува згрижување и воспитание на децата […]
Остварена средба со претставници на Агенцијата за катастар на недвижности на РМ

На територијата на Општина Чашка, според евиденцијата на Агенцијата на катастар на недвижности на Република Македонија, повеќе од 80 проценти од катастарските парцели се со незапишани права или се со нерасчистени имотно правни односи. Поради оваа причина, на иницијатива на Градоначалникот на Општина Чашка – Горан Стојановски, со цел да се излезе во пресрет на […]
Подготовки за изградба на нова типска спортска сала

Со претставници од фирмата изведувач „Гранит“ и лица од Министерството за образование и наука денес ги започнавме техничките подготовки за изградба на нова типска спортска сала во склоп на учлилиштето „Тодор Јанев“ во населба Чашка. Салата ќе се простира на површина од 650 м2 и ќе биде наменета за мал фудбал, кошарка, ракомет, пинг понг, […]
Асфалтирање на регионалниот пат P-2336 од с.Теово кон с.Богомила

Денес започна асфалтирањето на регионалниот пат P-2336 од с.Теово кон с.Богомила. Ќе се асфалтира патот низ с.Теово (од влезот до излезот) и патниот правец од с.Согле кон с.Богомила. За оваа намена беа обезбедени 25 000 000 денари од страна на Агенцијата за државни патишта. Асфалтирањето ќе трае до средината на месец мај при што патниот […]
Партнерство во функција на туризмот

Од 24 до 27 март годинава, делегација предводена од градоначалникот Аце Коцевски во својство на претседател на Советот за развој на Вардарскиот плнаски регион, со Горан Стојановски – градоначалник на Општина Чашка и Цветко Андреески – декан на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид престојува во работна посета на Алзас, Франција. Туризмот е во […]
Известување – Акција за пролетно расчистување

Почитувани, Ве известуваме дека на ден 21.03.2018 година (среда), Градоначалникот на Општина Чашка заедно со општинската администрација иницира акција за расчистување на отпад на територијата на општината, во која што и истите ќе земат активно учество. Воедно, покрај администрацијата, учество во акцијата ќе земат и припадниците на образовните институции и јавното комунално претпријатие “Тополка”, а […]