Врз основа на член 48 став 3 од Законот за административни службеници (“Службен весник на РМ.“бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), и (“Службен весник на Република Северна Македонија бр.275/19,14/20,215/21,99/22 и 208/24) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл.весник на РСМ бр.259/24 г.), а согласно Правилник за систематизација на работни места, бр.01-229/2 од 20.07.2016 година, Правилник за изменување на Правилникот за систематизација на работните места во општина Чашка бр.01-745/4 од 18.05.2018 година, Градоначалникот на Општина Чашка објавува
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2025
ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СЛУЖБЕНИК
1. Виш соработник за ИКТ, СЕКТОР ЗА СТРУЧНА ПОДДРШКА, ПРАВНИ, ОПШТИ РАБОТИ И ИКТ, во ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИКТ со шифра, УПР 01 01 В02 000-(1) извршител.
Административниот службеник кој аплицира на интерниот оглас треба да ги исполнуваат општите и посебни услови за работното место за соодветното ниво и тоа:
Општи услови
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место,
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должности
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен
- научно истражувачко подрачје: Природно-математички работи
- научно поле: Компјутерски и информаиски науки
- најмалку две години работно искуство во струката
- на интерниот оглас може да се јави административен службеник,вработен во општина Чашка,кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место,пропишани во овој закон и актот за систематизација како и :
- да е оценет со оценка ,,А,, или ,,Б,, при последното оценување на кое бил оценет
- да е на работно место кое согласно актот за систематизација е на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на тековното Работни место
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас
Потребни општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Потребни посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- Работни денови: Понеделник- Петок
- Работни часови неделно: 40
- Работно време: од 07:30 до 15:30
Паричен нето износ на плата: 33.900,оо денари
2. Заинтересираниот административен службеник вработен во општина Чашка,поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата преку архива на општина Чашка, до одделение за правни работи на адреса Илинденска број 8 Чашкакако и на службената електронска адреса opstina@caska.gov.mk со назнака за интерен оглас.
Во пријавата кадидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот. Постапката ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување формирана од Градоначалникот на општина Чашка. Постапката се состои од две фази:административна селекција и интервју.
3. Рокот за доставување на пријавите со доказите трае пет 5 (пет) дена, од денот на објавување на интерниот оглас на web страната на институцијата и на страната на Агенција за администрација.
4. Ненавремена,неуредна и нецелосна пополнета пријава,нема да биде предмет на разгледување, а кандидатите кои ќе поднесат лажни податоци во пријаватаќе бидат дисквалификувани од понатамошна постапка по огласот.
ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник,
Горан Стојановски, с.р.