Врз основа на член 50, став 1, точка 16 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 33, став 1, точка 16 од Статутот на општина Чашка („Службен гласник на општина Чашка“ бр.8/07, 7/19, 1/20, 16,20, 5/21), а согласно Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти на општина Чашка бр.08-101/7 од 31.01.2022 година („Службен гласник на општина Чашка“ бр.1/22), Конкурсот за стипендирање талентирани ученици и студенти за учебната 2025/2026 година со бр.08-1223/1, во врска со Записникот од извршена евалуација на пријави по објавен Конкурс за стипендирање талентирани ученици и студенти за учебната 2025/2026 година, а по предлог на Комисијата за определување стипендии за талентирани ученици и студенти, Градоначалникот на општина Чашка го донесе следното:
РЕШЕНИЕ за доделување стипендии на талентирани ученици и студенти на територијата на општина Чашка за учебната 2025/2026 година
Општина Чашка доделува стипендии на следните избрани ученици/студенти за учената 2025/2026 година:
-во категорија ученици избрани се следните:
Име и презиме на ученик
- Стефан Трпков
- Сара Димовска
- Мартина Коцевска
-во категорија студенти избрани се следните:
Име и презиме на студент
- Стефани Петровска
Решението стапува на сила со денот на донесувањето.
ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник
Горан Стојановски, с.р.
Образложение
Од страна на Советот на општина Чашка е донесена Одлука за усвојување на Правилник за условите, критериумите и начинот на доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти на општина Чашка („Службен гласник на општина Чашка“ бр.1/22).
Комисијата за определување стипендии за талентирани ученици и студенти, формирана со Одлука на Советот на општина Чашка („Службен гласник на општина Чашка“ бр.16/21), успешно ја спроведе постапката согласно Правилникот, па согласно горенаведеното се одлучи како во диспозитивот на ова Решение.