Јавна општинска установа за деца детска градинка БАМБИ населба Чашка – ЈОУДДГ „Бамби“
Детската градинка првично функционираше како клон на детската градинка “Димче Мирчев” од Велес, од мај 2018 до декември 2020.
Од јануари 2021 делува самостојно како јавна општинска институција основана од Советот на Општина Чашка. Главна дејност што ја извршува детската градинка е згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, која се организира зa згрижување, престој, нега, исхрана, воспитание, образование, спортско-рекреативни, културно-забавни активности, мерки и активности за подобрување и зачувување на здравјето и за поттикнување на интелектуалниот, емоционалниот, физичкиот, менталниот и социјалниoт развој на детето дo 6 години живот, односно вклучување во основно образование.
Згрижувањето и воспитанието на децата во детската градинка, се остварува во две хетерогени групи, вклучувајќи деца од 2-6 годишна возраст.
Во текот на 2024 и 2025 година со адаптирање на просторни услови на дел од општински објект од страна на Општина
Чашка и опремување со целосна опрема од страна на МСПДМ и Светска банка, подготвена е јаслена група со капацитет од 12 деца на возраст од 9-24 месеци.
Воедно во 2025 година започнат е и процес за проширување на дејноста , згрижување и воспитување на деца во друго населено место односно село Мелница. Финансиски средства за реализација на проектот „Изградба на детска градинка во село Мелница“ се обезбедени преку Програмата за користење на капиталните дотации за финасирање на инвестициони проекти на општините и општините во градот Скопје („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.27/25 и 65/25).
Објектот во село Мелица согласно правилниците ќе има капацитет од две хетерогени градински групи кои ќе згрижуваат вкупно 40 деца на возраст од 2 до 6 години.
Согласно Државен завод за статистика, МАКСТАТ БАЗА, во 2025 година во Општина Чашка се згрижени 39 деца од кои 17 машки и 22 женски. За нив се грижат вкупно 10 вработени лица од кои 1 маж и 9 жени.
Детските градинки во руралните средини не се само образовни институции, туку и важни центри за социјален развој, економска стабилност и подонрување на квалитетот на живот. Истите играат важна улога во унапредување на развојот на децата, поддршка на семејствата и создавање на подобри можности за иднината на руралните средини.