Врз основа на член 48 став 3 од Законот за административни службеници (“Службен весник на РМ.“бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), и (Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.275/19,14/20,215/21 и 99/22) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас(Сл.весник на РМ бр.11/2015г.) и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл.весник на РМ бр.35/2018г.), Градоначалникот на Општина Чашка објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03-2023
ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА СО УНАПРЕДУВАЊЕ

  1. Советник за аналитика и подготовка на проектни апликации во руралниот развој, со шифра УПР0101В01000 – (1) извршител.

Работно искуство

-најмалку три години работно искуство во струката

Потребни општи работни компетенции

Потребни посебни работни компетенции

-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време

-Работни денови: Понеделник- Петок
-Работни часови неделно: 40
-Работно време: од 07:30 до 15:30

Паричен нето износ на плата: 29.400,оо денари

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат и следните

Општи услови

-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должности

На интерниот оглас може да се јави административен службеник,вработен во општина Чашка, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место,пропишани во овој закон и актот за систематизација како и:

-да е оценет со оценка ,,А,, или ,,Б,, при последното оценување
-да е на работно место кое согласно актот за систематизација е на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас,
-да поминал најмалку две години на тековното Работни место
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот огл

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови,можат да ги приложат и следните докази:

-потврди за успешно реализирани обуки
-потврди за успешно реализирано менторств

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена,од денот на објавување на огласот.

Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место, преку архивата на општина Чашка,до одделение за правни работи на адреса Илинденска број 8 Чашка, како и на службената електронска адреса opstina@caska.gov.mk со назнака за интерен оглас.

Ненавремена, неуредна и нецелосна пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.
Постапката Ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување формирана од Градоначалникот на општина Чашка.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

Пријавата за огласот можете да ја превземете ОВДЕ.

ОПШТИНА ЧАШКА

Градоначалник

ГОРАН СТОЈАНОВСКИ, с.р.