Општина Чашка, Здружението на пензионери Велес, ООУ„ Петре Поп Арсов“ Богомила беа домаќини на одбележувањето на 150 години од раѓањето на Петре Поп Арсов.

Петре Поп Арсов (1868- 1941), македонски револуционер, основноположник на Македонската револуционерна организација, догогодишен член на ЦК на ТМОРО, задграничен претставник на организацијата, автор на нејзиниот прв Устав и автор на познатата пбликација „Стамболовштината во Македонија и нејзините… претставници“. Роден е во Богомила во август 1868 год. Учел во Велес, Солун и Белград. Во Софија студирал на Филозофско- историскиот факултет заедно со бројна македонска интелегенција Даме Груев, Крсте Мисирков, а подоцна и со Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Меѓу нив во 1892 год созреала идејата за создавање „Млада македонска книжевна дружина“ која го издавала списанието „Лоза“. Нивна задача била да ја негуваат, развиваат и усовршуваат македонската национална мисла. Набрзо, заради својата активност Петар Поп Арсов е протеран од Бугарија. Во 1893 год во Солун ги поставил темелите на ВМРО.

Голем е бројот на значајни личности кои потекнуваат од територија на Општина Чашка. Горди на нив ги спомнуваме со цел да не се заборават корените и темелите. Во историјата на нашето минато Oпштина Чашка завзема значајно место на полето на одвивањето на културните и историските настани. Поради тоа не е случајно што на просторот на општината има подигнато голем број на споменици, спомен плочи и бисти поврзани со подалечното и поблиското културно и историско минато на настани и личности.