Локалната акциона група ВАРДАР ЛЕАДЕР ја искористи можноста за запишување во евиденцијата која ја води Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно правилникот за поблиските услови за зашишување, постапката за упис, потребната докумнетација и начинот за водење на евиденцијата.
Центарот за развој на Вардарски плански регион и Проектот за Експанзија на Мали Бизниси при Карана Корпорејшен, во соработка со локалните самоупрваи Велес, Чашка и Градско, претставници на здруженијата на граѓани и … правни субјекти го регистрираа„
Здружение за рурален развој Локалната Акциона Група Вардар Леадер Градско“. Ова е заеднички успех и можност за имплементација на Стратегијата за локален развој на руралните средини на територија на ЛАГ-от Вардар Леадер.
ЛЕАДЕР пристапот е развојна методологија според принципот оддолу- нагоре и овозможува пристап и мобилизирање на луѓето од руралните средини самостојно да ја градат својата иднина.
Визијата која што претставува долгорочна определба и насока кон која ќе се движи територијата на ЛАГ-от Вардар Леадер и крајна посакувана дестинација на економскиот развој за следните 5 години, односно во периодот од 2016 до 2020 година, гласи:
„Територијата на ЛАГ-от Вардар Леадер e успешна, економски развиена и чиста рурална средина со препознатлив бренд на квалитетни земјоделски производи и иновативна понуда за вински и рурален туризам.
На територијата на ЛАГ-от Вардар Леадер се работи на подобрување на капацитетите на човечките ресурси, се негува културно – историското и природно наследство и се поттикнува активно и креативно учество на младите во развојот“.
Во стратегијата на ЛАГ-от Вардар Леадер се дефинирани стратешки цели и тоа:
- Да се подобри квалитетот на живот во руралните средини
- Да се поттикне економски развој и вработување
- Да се развие конкурентен алтернативен туризам
- Да се заштити животната средина и искористат обновливите извори на енергија (ОИЕ) и подобрување на енергетска ефикасност (ЕЕ)