Врз основа на член 50 став 1 точка 14 од Законот за локална самоуправа (,,Сл.Весник на Република Македонија бр.05/04), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор (,,Сл.весник на Република Македонија бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18,198/18 и Сл.весник на Република Северна Македонија бр.143/19,14/20) и член 22 од Законот за работните односи („Сл.весник на Република Македонија“ бр.167/15,26/16,120/18) и Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.110/19, Градоначалникот на Општина Чашка објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2023
за вработување на неопределено работно време- хигиеничар

Општина Чашка има потреба од вработување на неопределено работно време на 1 (еден) работник- хигиеничар, Албанец-ка

1.а)назив на работно место- хигиеничар ниво А3, реден број 20 шифра УПР 04 05 А03 004

б)општи услови:
-кандидатот да е државјанин на Република Македонија,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работно место,
-со правосилна судска пресуда да не му изречена казна забрана на вршење на професија, дејност или должност

Oпшти работни компетенции на основно ниво:
Учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа и ориентираност кон засегнати страни
(проверка на општите работни компетенции ќе биде извршена во фазата на интервју)

Работни задачи и обврски:
-Одржување на хигиената во службените простории на општината
-Ја одржува хигиената во и околу работните простории во објектите на органите на Општината;
-Ги одржува и ги полива цвеќињата во просториите;
-ги чисти и се грижи за одржувањето на хигиената во санитарниот јазол и во дворот на општинската зграда;
-Под надзор и контрола од раководителот на одделението учествува и помага во одржувањето на редот и хигиената во општинската зграда.
-се грижи за навремена набавка на потребните средтва за работа

Посебни услови:
ниво на квалификации: според Македонската рамка на квалификации –основно образование со или без работно искуство

в) распоред на работно време: дневно работно време- од 07.30 часот до 15.30, 40 часовно–неделно работно време;

г) паричен нето износ на плата: 20.200,оо денари

д) напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2023, вработувањето е предвидено за Албанец-ка .

  1. Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во рок од 5 работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневен печат не сметајќи го денот на објавувањето на огласот.

Пријавата за вработување со задолжителните докази за исполнување на условите се доставува во хартиена форма на адреса–Општина Чашка, ул.„Илинденска,, бр.8 Населба Чашка – Општина чашка, со назнака „За оглас бр.1/2023 за прием на -хигиеничар

Пријавата за вработување може да се превземе од веб страната на Општина Чашка: www.caska.gov.mk

Пријавата за вработување треба да содржи :
-податоци за кандидатот (име и презиме, матичен број , датум и место на раѓање, адреса и место на живеење, електронска адреса на кандидатот, контакт телефон, припадност на заедница)
-кратко мотивационо писмно,
-изјава за исполнување на општите услови за работно место со наведување ДА/НЕ за секој услов одделно,

  1. Доставување на документација
    -Кандидатите кон Пријавата треба да ја достават следната документација:
    -биографија -ЦВ
    -Уверение за државјанство на РМ (оригинал или заврено на нотар);
    -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар);
    -Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работното место за кое се пријавува (оригинал),
    -Уверение правосилна судска пресуда да не му изречена казна забрана на вршење на професија,
  2. Постапката за селекција ќе биде спроведена во следните фази: проверка на комплетност на пријавата и доказите, проверка на веродостојност на доказите и интервју;
    Градоначалникот со решение формира Комисија за селекција, која во рок од осум дена од истекот на рокот за пријавување на огласот врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот.

Доколку при проверката се утврди дека недостасува некој од доказите, комисијата е должна да побара од кандидатот во рок од 3 (три) дена да ги комплетира доказите.

По комплетирањето на доказите, комисијата за селекција врши проверка на веродостојноста на доказите.

По проверката на веродостојност на доказите, се закажува и врши интервју.

Селекцијата на кандидатите се врши врз основа на јасни и транспарентни критериуми, пропишани од Градоначалникот на единицата на локалната самоуправа.

По спроведената постапка на селекција, за работното место од јавниот оглас се прави ранг–листа на кандидати кои успешно ги поминале сите фази на селекција.

Комисијата за селекција ранг листата на кандидати му ја доставува на Градоначалникот, кој врши избор во рок од 15 дена.

Лице за контакт
Мирова Бојанка-Претседател на Комисија за селекција
076/426-832

OПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник
Горан Стојановски, с.р.