Врз основа на член 7 од Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти на општина Чашка („Службен гласник на општина Чашка“ бр.1/22), а согласно предвидените средства во Буџетот на општина Чашка за 2025 година, Комисијата за определување стипендии за талентирани ученици и студенти на општина Чашка на ден 24.06.2025 година, распишува

К О Н К У Р С
за стипендирање талентирани ученици и студенти
за учебната 2025/2026 година

За учебната 2025/2026 година, општина Чашка ќе додели:

Услови и критериуми за доделување стипендии

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии

За ученици

  1. Пријава од апликантите до Комисијата;
  2. Свидетелства за континуиран одличен успех;
  3. Документ со кој се потврдува освоени награди на државни натпревари;
  4. Документ со кој се потврдува освоени награди на меѓународни натпревари
    (ќе се смета за предност);
  5. Потврда за личен доход на врaботените членови на семејството;
  6. Потврда од Агенција за вработување за невработените членови на семејството;
  7. Препорака од предметен наставник (ќе се смета за предност);
  8. Препорака од наставнички одбор (ќе се смета за предност);
  9. Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита;

За студенти

  1. Пријава од апликантите до Комисијата;
  2. Уверение за положени испити;
  3. Потврда за запишана година на факултетот;
  4. Документ со кој се потврдува освоени награди на државни натпревари;
  5. Документ со кој се потврдува освоени награди на меѓународни натпревари (ќе се смета за предност);
  6. Потврда за објавени научни трудови (ќе се смета за предност);
  7. Потврда за личен доход на вработените членови на семејството;
  8. Потврда од Агенција за вработување за невработените членови на семејството;
  9. Фотокопија од лична карта или патна исправа;
  10. Препорака од предметен наставник (ќе се смета за предност);
  11. Препорака од факултетот (ќе се смета за предност);
  12. Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита;

Место и рок за поднесување на документите

Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворен плик со назнака:
„За Комисија за стипендирање на талентирани ученици и студенти на општина Чашка“ ул. „Илинденска“ бр.8 општина Чашка, со доставување во архивата на општина Чашка.

Рокот за поднесување на документите е заклучно со 03.07.2025 година.

Пријавата заедно со другите обрасци може да се подигне во општина Чашка и на веб страната на општина Чашка.
Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени во рок од 5 (пет) денови на веб-страната на општината и на огласна табла во општина Чашка.

Незадоволните кандидати можат да поднесат приговор до Комисијата за определување стипендии на талентирни ученици и студенти на општина Чашка во рок од 3 (три) дена од денот на објавување на резултатите.

Конкурсот ќе биде објавен:

 На веб страната на општина Чашка
 На социјалните мрежи на општина Чашка
 На огласна табла во општина Чашка
 На огласна табла на сите основни училишта на територија на општина Чашка
 На локални медиуми

ВО ПРИЛОГ:

ОПШТИНА ЧАШКА
Претседател на
Комисија за определување стипендии за
талентирани ученици и студенти

Трајче Мишкоски